Овој викенд, паралелно со сениорскиот, ќе се одржи Ф4 турнирот во младинската Лига на шампионите. Меѓу најдобрите четири европски екипи се најде и младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, кој пласманот го обезбеди со освоеното прво место на турнирот во Букурешт.
Ривал на пелистерци во полуфиналето ќе биде данскиот ГОГ Гудме, а тренерот Фарук Мемиќ ги исткна своите очекувања и најави одличен настап на завршницата.
„За настапот во Келн се подготвуваме постојано, благодарение на добрите услови што ни ги обезбедува нашиот клуб. Ние имаме свој начин и систем на игра и така сме подготвени на предизвиците пред секој противник. Нормално дека има посебна емоција и возбуда кај секого во нашиот тим, но во Келн одиме мирно и сталожено до нов успех. Не секогаш на ваквите турнири победуваат фаворитите, па очекуваме да бидеме изненадување, при што веруваме и се надеваме дека ќе го израдуваме градот и државата со освојувањето на истиот.“, изјави Фарук Мемиќ.
Ф4 – младинска Лига на шампиони – распоред:
14/06, 09:00, Еурофарм Пелистер – ГОГ
14/06, 11:30, Барселона – Веспрем
15/06, 09:00, натпревар за 3-то место
15/06, 11:30, финале
*Сите натпревари, освен финалето, ќе се играат во Дормаген, град во близината на Келн. Финалето е закажано во познатата „Ланксес арена“.
Леонид Лозановски: Мотивирани сме – очекувајте нè во финалето во Келн!