🎥Битолчани пристигнаа во Келн – младите полни со желба и надеж

530

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер ќе игра на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, а пласманот меѓу најдобрите четири екипи го обезбеди со освоеното прво место на квалификацискиот турнир во Букурешт.

Младите пелистерци веќе пристигнаа во Келн и вечерва ќе го имаат единствениот тренинг пред утрешниот полуфинален меч со ГОГ Гудме од Данска.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме е закажан за утре од 09:00 часот. Доколку избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски обезбедат пласман во финалето, за златото ќе се борат со победникот од дуелот Веспрем – Барселона.

 

Ф4 – младинска Лига на шампиони – распоред:
14/06, 09:00, Еурофарм Пелистер – ГОГ
14/06, 11:30, Барселона – Веспрем
15/06, 09:00, натпревар за 3-то место
15/06, 11:30, финале

*Сите натпревари, освен финалето, ќе се играат во Дормаген, град во близината на Келн. Финалето е закажано во познатата „Ланксес арена“.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT