Еурофарм Пелистер ќе се бори за бронзата на Ф4 турнирот во младинската Лига на шампионите, откако во полуфиналето беше поразен од ГОГ Гудме со 36:21.
Битолчани парираа во најголемиот дел од првото полувреме, но во вториот дел Данците одиграа според посакуваното и заслужено се пласираа во финалето.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер покажаа дека поседуваат потенцијал и квалитет, а медиа тимот на ЕХФ ја издвои одбраната на голманот Атанасиј Трсунов, кој заедно со Мелин Фехми искомбинираа 12 интервенции.
Ваквото признание за младиот голман сигурно ќе биде голема мотивација.
Погледнете….
View this post on Instagram