Екипата на ГОГ ја освои титулата во младинската Лига на шампиони, откако во финалето славеше против Веспрем со 37:28.
На завршниот Ф4 турнир учествуваше и младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, кој во полуфиналето беше елиминиран токму од ГОГ, а во мечот за бронзата загуби од каталонскиот гигант Барселона.
Иако не успеаја да освојат медал, битолчани го имаат најдобриот стрелец на првото издание на младинската Лига на шампиони – талентираниот Алем Хаџиќ.
Тој постигна вкупно 40 погодоци на четири натпревари – 14 на Ф4 турнирот и 26 на квалификацискиот турнир во Букурешт.