Репрезентацијата на Србија е победник на четвртото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ откако во финалето ја совлада Македонија А.
Избраниците на Стојковиќ во финалето тримфураа со 32:27, а третото место го освои Македонија Б со победата над Катар од 27:25.
Во натпреварот за петтото место, репрезентацијата на БиХ по изведувањето на пенали ја совлада Романија со 38:37.
За најдобар голман на турнирот беше прогласен Ѓорѓи Николовски. Талентираниот голман во следната сезона ќе игра во Алкалоид. Наградата за најдобро лево крило заврши во рацете на Стефан Ѓорѓиески, а најдобар стрелец на турнирот беше Ријад Халиловиќ од БиХ.
МВП признанието му припадна на Александар Стојковиќ од Србија.