Египетски пивот е најновото засилување во Еурофарм Пелистер

104

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе биде посилен со репрезентативецот на Египет, кружниот напаѓач Ибрахим Калес Валид , кој во редовите на битолскиот клуб ќе пристигне од Бешикташ.

Корпулетниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп.
Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст, откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години.
Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT