Зоран Ставрески, роден во Германија и со долгогодишно искуство во машкиот и женскиот ракомет, летово ќе го преземе кормилото на тимот на Леонберг/Елтинген и ќе ја води екипата во новата сезона.
Клубот настапува во Оберлига – петтата по ранг лига од вкупно дванаесет во Германија и се надева на нови импулси и успеси под негово водство. Ставрески поседува Master Coach лиценца и во својата тренерска кариера има водено неколку клубови во Германија, и во машка и во женска конкуренција, каде што особено се истакнал во развојот на млади играчи.
Покрај ракометот, Ставрески е и COO – член на извршната раководна структура – со долгогодишно искуство во управување со синџири на снабдување и набавка. Воедно е и професор, што му овозможува да ја комбинира својата експертиза од менаџментот и едукацијата со својата тренерска кариера.