Еурофарм Пелистер 2, кој по едногодишна пауза повторно се враќа во македонската елита, продолжува со оформување на тимот за новата сезона.
По Стефан Лазаревски и Андреј Дамчевски, на долга верност со матичниот клуб се обврза и Леонид Лозановски. Левото крило во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2.
Лозановски беше дел од шампионската генерација во кадетска и вицешампионската во младински конкуренција, како и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите за млади категории.
На квалификацискиот турнир во Букурешт го доби признанието за најдобро лево крило.