ЕХФ објави: Девет клуба аплицираа за вајлд-карта, пелистерци имаат големи шанси повторно да играат ЛШ!

266

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер се најде меѓу деветте клубови кои официјално аплицираа за вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите за сезона 2025/26, соопшти денес Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Еурофарм Пелистер веќе две години по ред е дел од најсилното европско клупско натпреварување, а клубот и понатаму има амбиции да се натпреварува со најдобрите.

Во конкуренција се уште осум клубови, меѓу нив се и Келце, Нант и ПИК Сегед, а битолчани имаат големи шанси за едно од шесте слободни места.

Салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше преполна на секој натпревар, атмосферата беше на врвно ниво, а гостинските екипи беа пречекувани со почит и професионалност. Таквото искуство и ентузијазам од клубот и градот се фактори кои ЕХФ ги зема во предвид при доделувањето на вајлд-картите.

За вајлд-карта, освен Еурофарм Пелистер, Келце, Нант и ПИК Сегед, аплицираа уште ГОГ, Колстад, Кадетен Шафхаузен, Порто и Слован Љубљана.

Во Лигата на шампионите директно место веќе обезбедија десет клуба: Магдебург, Фуксе Берлин, ПСЖ, Барселона, Спортинг, Динамо Букурешт, Веспрем, Алборг, Висла Плоцк и Загреб.

Одлуката за сите 16 учесници во новата сезона ќе биде донесена на 24 јуни, додека ждрепката за групната фаза е закажана за 27 јуни.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT