Кошаркарски бисер – Кирил Муратовски

257

Кирил Муратовски, роден на 17.06.2010 година, е еден од најперспективните млади кошаркари од школата на кошаркарскиот клуб Водно Санс Партизан. Спортските гени ги влече од мајка му Елена Златановска, која е поранешен европски ракометен шампион со екипата на Кометал Ѓорче Петров, а еден од дедовците бил активен поранешен атлетичар.

Почетоците му датираат од неговата деветгодишна возраст, во школата на Водно Санс Партизан во склоп на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“. Во сезоната 2021/2022 го освојува третото место во категоријата М12 на Ф4-турнирот во младинската кошаркарска лига. Во сезоната 2023/2024 е член на вицешампионската екипа на завршниот Ф4 турнир кој се одржа во Куманово, а во штотуку завршената сезона со екипата на Водно Санс го освојува кадетското злато.

Во драматичен меч, во вториот дел од натпреварот, придонесе двата тима да го презентираат најдоброто од младите кошаркари. Со дефанзивен скок во 54-та секунда, по успешно одбиен напад на играчите на Вардар, и со погодок за три поени од крајната лева крилна позиција, го запечати водството на Водно Санс над Вардар со шест поени за 81:75 и психолошки го преполови противникот во последните моменти од натпреварот.

Перфектната асистенција на клупскиот МВП-соиграч, сопствениот смирен став, како и лесната рака и елегантниот скок ставија крај на надежите на вардарци.

 

На регионалното градско младинско првенство во кошарка, во сезоната 2022/2023, го освојува третото место, додека во сезоните 2023/2024 и 2024/2025, со своите соученици од „Кузман Јосифовски – Питу“, се радува на првите места во натпреварите по кошарка.

На неодамнешниот кошаркарски турнир во Грција, во Коринт, со својот тим го освојува првото место и се закитува со наградата за најкорисен играч, односно МВП на турнирот.

Љубовта и посветеноста кон училиштето и спортот се вистинскиот пат за успехот на Кирил.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT