Машката младинска репрезентација на Македонија загуби од Романија со 28:27 (17:12) во 2. коло на Светското младинско првенство во Полска и веќе нема никакви шанси за пласман во главната фаза.
Иако амбициите на Македонија беа пласман во ТОП 16, односно во главната фаза, сепак, избраниците на Раде Стојановиќ не успеаја во зацртаната цел.
За Македонија останува натпреварот против Исланд од групната фаза, а потоа ќе разигрува за пласман од 17 до 32 место.