Младост Богданци со првите две засилувања – потпишаа искусниот Адамовиќ и талентираниот Аргиров

205

Прволигашот Младост Богданци, кој во следната сезона ќе има аспирации за кам-бек во суперлигашкото друштво, денес ги објави првите две засилувања во играчкиот ростер.

Станува збор за искусниот интернационалец, левиот бек Лазар Адамовиќ и талентираниот Гоце Аргиров. Адамовиќ во вториот дел од штотуку завршената сезона беше дел од Радовиш, а во Македонија настапуваше и за Вардар Неготино, како и за Охрид.

Србинот има искуство и од настапи во европските натпреварувања, па така ќе биде од голема помош за амбициозниот прволигаш.

19-годишниот Аргиров игра на позицијата лево крило и во Младост Богданци доаѓа од Астраион. Своите први ракометни чекори ги направи токму во академијата на Младост Богданци, но по две години замина за Струмица, каде што настапуваше четири сезони.

Двајцата ракометари ќе бидат дел од амбициозниот тим од Богданци најмалку една сезона.

Како што е познато, членови на Младост Боггданци не се повеќе Уча Гамзардија, Борјан Цековски и Андреј Шулевски. Во новата сезона, Младост Богданци ќе биде предводен од искусниот стратег Горан Андоновски.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT