Младинската репрезентација на Србија славеше над Тунис со 38:32 во 2. коло од Светското младинско првенство што се одржува во Полска.
Еден од главните играчи во победничкиот табор беше новиот играч на Вардар, десниот бек Урош Митровиќ. Тој одигра беспрекорно, постигна седум гола од исто толку обиди и зад своето име запиша неколку асистенции.
На вчерашниот дуел против Германија, десниот бек исто така имаше седум реализации.
Со оваа победа, Србија останува во игра за пласман во главната фаза на младинскиот Мундијал.
Во последното коло од групната фаза, „орлите“ ќе се соочат со Швајцарија, која вечерва ќе ги одмери силите со Германија.
Во првото коло, Србија беше поразена од Германија, додека Швајцарија славеше над Тунис.