Чупиќ: Вардар е мојот втор дом, не можев да одбијам!

176

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар денеска официјално го промовираше Иван Чупиќ за нов тренер на тимот.

Хрватот, кој со Вардар освои две титули во Лигата на шампионите, а со својот гол му ја донесе онаа првата, во сезоната 2016/17, со раководството на „црвено-црните“ се договори за двегодишна соработка.

На денешната промоција, Чупиќ не ја криеше емоцијата што повторно е дел од клубот со кој има посебна врска.

„Сакам да му се заблагодарам на Метковиќ, кој ми даде шанса да го почувствувам тоа тренерско искуство, но кога добив повик од Вардар, не можев да одбијам. Вардар е мојот втор дом и не можев да одбијам и да размислувам многу, веднаш ја прифатив понудата. Сите знаете што значи за мене Вардар, Македонија, Скопје, Комитите…“, истакна Чупиќ.

Тренер на голманите во Вардар ќе биде Марио Келентриќ, а во следниот период ќе биде одлучено кој ќе му биде асистент на Чупиќ.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT