Димитар Узунчев и Калајџиески најпрецизни во нападот, Белистојаноски без промашување на СП!

383

Машката младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство во Полска ќе се бори за пласман од 17 до 32 место, откако во првите две кола не успеа да оствари позитивен резултат против Фарски Острови и Романија.

Македонија утре го игра последниот натпревар од групната фаза против Исланд, по што следуваат натпреварите од разигрувањето.

На одиграните два натпревари, најмногу погодоци постигна Димитар Узунчев, кој реализираше 13 од 21 обид (62% успешност).

Мирче Калајџиески има 11 гола од 16 обиди, што е 69% реализација, а десното крило Ненад Белистојаноски засега е без промашување, има шест од шест.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT