По подолг период реконструкција, спортската сала во Куманово конечно доби нов лик и ќе ги отвори вратите на 21 јули.
Оваа вест ја потврди и градоначалникот Максим Димитриевски, кој со гордост истакна дека Куманово станува пример за вложување во спорт и спортска инфраструктура.
„На 21 јули ќе биде пуштена во употреба и нашата кумановска спортска сала со натпревар на македонската младинска репрезентација во кошарка“, рече градоначалникот Димитриевски.
Младите кошаркари на Македонија ќе ја имаат честа први да настапат во обновената сала, и тоа во рамките на Европската младинска олимпијада – голем спортски настан кој ќе се одржи паралелно во Куманово и Скопје.
Настанот го организира Македонскиот олимписки комитет, со поддршка од Владата на Република Македонија и Општина Куманово.