ТФТ со странско, Тиквеш со домашно засилување за новата сезона

49

Вицешампионот на Македонија, ТФТ, кој во новата сезона ќе настапува и во АБА 2 лигата, се засили со американскиот интернационалец Џастин Гордон. Новото име во редовите на тимот од Тафталиџе пристигнува од словачката екипа Нитра.

Гордон има богато интернационално искуство – во својата кариера настапувал во Аргентина, Германија, Австралија, Велика Британија…

Покрај ТФТ, прво засилување обезбеди и Тиквеш. Клубот од Кавадарци се активираше на домашниот пазар и го ангажираше довчерашниот член на Феникс, Благој Димитриев.

За 25-годишниот Димитриев не се потребни многу зборови – тој беше еден од најквалитетните играчи во составот на тренерот Дервишевиќ.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT