Почина Лату – легендата на Франција и поранешен соиграч на Томче Петрески

60

Поранешниот репрезентативец на Франција, Денис Лату, еден од најзаслужните ракометари за подемот на францускиот ракомет во 90-тите години, почина синоќа на 60-годишна возраст по долга и тешка борба со леукемија.

Лату беше дел од славната генерација „Les Barjots“ која ја донесе првата светска титула за Франција во 1995 година, а претходно освои бронзен медал на Олимписките игри во Барселона (1992) и на Светското првенство во 1993 година.

Со своите 164 настапи и 463 постигнати голови за репрезентацијата, тој остави длабока трага во историјата на ракометот. На клупски план, најмногу се истакна во редовите на Ним, со кој двапати ја освои титулата во француското првенство.

Играше и за ПСЖ, каде што беше соиграч со нашиот Томче Петрески, а зад себе остави богата и инспиративна кариера.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT