Настапот на Еурофарм Пелистер во ЛШ ќе отвори врата и за младинскиот тим

280

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги објави добитниците на вајлд-карти за новата сезона во Лигата на шампионите, а меѓу избраните клубови се најде и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Ова е одлична вест не само за сениорскиот состав на битолчани, туку и за младинската екипа. Како што е познато, во штотуку завршената сезона се одржа првото издание на младинската ЛШ, познато како EHF Youth Club Trophy, а младите пелистерци испишаа историја со пласманот на завршниот Ф4 турнир во Келн.

Освен што испишаа историја, битолчани го имаа и најдобриот стрелец во името на Алем Хаџиќ, кој постигна 40 погодоци.

Во изминатата сезона, право на учество во младинската ЛШ, во која настапуваа ракометари до 18 години, имаа само клубовите чии сениорски екипи беа дел од европската елита.

Доколку правилата останат непроменети и за следната сезона, добивањето вајлд-карта за сениорите автоматски ќе значи и ново учество на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер во ова престижно европско натпреварување.

 

Трета сезона по ред во ЛШ: Еурофарм Пелистер повторно дел од европската елита

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT