📷Овче Поле Славјански Универзитет со прво засилување – потпиша Дона Маркоска

245

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет во следната сезона ќе биде посилна со голманката Дона Маркоска, која во тимот од Свети Николе ќе пристигне од Пелистер.

Поранешната кадетска репрезентативка својата кариера ја започна во школата на Сани во родниот Охрид и се очекува да биде големо засилување во тимот на Илија Бетувски.

Од клубот информираат дека се во преговори со уште неколку ракометарки, по што ќе биде комплетиран конечниот ростер за новата сезона.

Доколку се остварат најавите за две лиги кај дамите, тогаш Овче Поле Славјански Униврзитет ќе биде дел од прволигашката конкуренција.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT