Македонија го декласираше Мексико за прва мундијалска радост во Полска

55

Машката младинска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Светското првенство во Полска. Избраниците на Раде Стојановиќ во натпреварот против Мексико одиграа доминантно и триумфираа со 41:21 (21:9).

Македонија со денешната победа освои два бода и ќе разигрува за пласман од 25 до 28 место на младинскиот Мундијал.

Најефикасен во редовите на Македонија беше Дамјан Субашевски со 12 гола,  девет додаде Димитар Узунчев, а Ненад Белистојаноски имаше седум реализации. За МВП на натпреварот беше избран голманот Иван Галевски.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT