📷Прво засилување за Куманово – Трифуновски пристигна, Крстаноски останува!

115

Тимот на Куманово се активираше на домашниот пазар и го обезбеди првото засилување за новата сезона. Станува збор за велешанецот Виктор Трифуновски, кој игра на позициите лев и среден бек. Тој доаѓа од редовите на Борец Фруит Ленд, клуб што беше исклучен од суперлигашкото натпреварување пред самиот крај на сезоната.

ФОТО: РК Куманово

Трифуновски во својата кариера беше дел и од Аеродром, Борец и Вардар Јуниор, а ги има минато сите младински школи на „црвено-црните“.

Куманово успеа да го задржи столбот на одбраната – Христијан Крстаноски, па така новиот тренер Аце Станковски главно ќе се потпира на млади играчи.

ФОТО: РК Куманово

Крстаноски во својата кариера настапуваше и за екиптие на Струга, Вардар Неготино и Металург РА.

Стружанецот на репрезентативно ниво играше за кадетската ракометна репрезентација 2018 година, како и за Б сениорскиот национален тим во 2021 година.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT