Поранешниот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, кој на клупски план го водеше Вардар и со „црвено-црните“ ја освои првата титула во Лигата на шампионите во сезона 2016/17, иако веќе шест години беше на клупата на ПСЖ (од сезона2018/19), сепак не го заборавил македонскиот јазик.
Шпанскиот стратег во интервју за ТВ Арена Спорт цело време зборуваше на македонски јазик. Како што е познато, Гонзалез е новиот селектор на ракометната репрезентација на Србија и ќе ја предводи селекцијата на „орлите“ најмалку до 2028 година.
Во разговорот се потсети на времето поминато во Македонија и на прекрасните моменти со Вардар.