Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во изминатата сезона имаше солидно издание во Лигата на шампионите и немаше многу среќа да се пласира во главната фаза во најквалитетното европско натпреварување.
Капитенот на пелистерци, Филип Кузмановски, блескаше со одлични партии и беше страв и трепет за секоја екипа.
Кузмановски ја заврши сезоната меѓу најдобрите стрелци, а неговиот проектил против Динамо Букурешт се најде во ТОП 10 голови на сезоната во Лигата на шампионите.