Суперлигашот Куманово продолжува со формирањето на ростерот за новата натпреварувачка сезона, а најново засилување е искусниот лев бек Тоше Ончев.
Велешанецот во изминатата сезона беше дел од Борец ФЛ и шпанскиот Новас. Левиот бек потекнува од Вардар, а во Македонија настапуваше и за Работнички, Охрид и Голден Арт.
На меѓународната сцена, 28-годишниот Ончев беше дел и од Вернуј (Франција), Фаикас Корфу (Грција) и Тримо Требње (Словенија).
Куманово за следната сезона веќе ги ангажираше и Александар Стојков од Струга и Виктор Трифуновски од Борец ФЛ. Како што е познато, тимот на Куманово во новата сезона ќе го предводи новиот тренер Аце Станковски.