Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите во ЛШ – ќе игра против Магдебург, Барса, ПСЖ…

354

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, кој третпат по ред ќе настапи во Лигата на шампионите, денес ги дозна ривалите за групната фаза во европската елита.

Избраниците на Алонсо ќе играат во групата Б против првакот Магдебург, Барселона, ПСЖ, Висла Плоцк, Загреб, ГОГ и Висла Плоцк.

Група А: Алборг, Фуксе Берлин, Веспрем, Келце, Нант, Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт, Колстад

Група Б: Висла Плоцк, Барселона, ПСЖ, ГОГ, Магдебург, ПИК Сегед, Загреб, Еурофарм Пелистер

Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 10/11 септември. Натпреварите во групната фаза завршуваат на 11/12 март, осминафиналните дуели ќе бидат на 1/2 април, четвртфиналните битки на 29/30 април, а Ф4 турнирот во Келн ќе се одигра на 13 и 14 јуни, 2026 година.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT