Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, кој третпат по ред ќе настапи во Лигата на шампионите, денес ги дозна ривалите за групната фаза во европската елита.
Избраниците на Алонсо ќе играат во групата Б против првакот Магдебург, Барселона, ПСЖ, Висла Плоцк, Загреб, ГОГ и Висла Плоцк.
Според првичниот распоред, прв гостин во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде најбогатиот европски клуб ПСЖ.
Пелистерци во второто коло гостуваат кај каталонскиот гигант Барселона, потоа го пречекуваат ГОГ Гудме.
Целосниот распоред од групната фаза во продолжение…
Еурофарм Пелистер – ПСЖ
Барселона – Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме
Висла Плок – Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер – Загреб
Магдебург – Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер – Магдебург
Загреб – Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер – Висла Плок
ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер – Барселона
ПСЖ – Еурофарм Пелистер
Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 10/11 септември. Натпреварите во групната фаза завршуваат на 11/12 март, осминафиналните дуели ќе бидат на 1/2 април, четвртфиналните битки на 29/30 април, а Ф4 турнирот во Келн ќе се одигра на 13 и 14 јуни, 2026 година.
Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите во ЛШ – ќе игра против Магдебург, Барса, ПСЖ…