Иван Галевски меѓу најдобрите голмани, Димитар Узунчев во ТОП 10 стрелци на СП!

308

Утре е завршниот ден на Светското младинско првенство во Полска, а репрезентацијата на Македонија со победата над САД го освои 25 место. Пред финалниот ден, статистиката покажува дека голманот Иван Галевски е меѓу најдобрите пет на младинскиот Мундијал.

Галевски на седум натпревари забележа 46 одбрани од вкупно 139 удари, што е 33% успешност. Младиот голман одбрани двапати во пенал-рулетот против Бразил и беше херојот на „црвено-жолтите“ за обезбедениот триумф.

Во нападот на нашата репрезентација најмногу се истакна Димитар Узунчев, кој е во ТОП 10 стрелците на Светското првенство. На седум натпревари постигна 49 погодоци од 71 обид (69% реализација). Гевгеличанецот беше речиси без грешка од линијата за седум метри, реализирајќи 11 погодоци од 13 обиди.

Во финалето на СП ќе играат репрезентациите на Данска и Португалија, додека за бронзата ќе се борат Фарски Острови и Шведска.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT