Еден од најголемите таленти од генерацијата 2008, средниот бек Ангел Кленковски, кој веќе зад себе има и суперлигашко искуство, во новата сезона ќе го носи дресот на Мулти Есенс.
Талентираниот стружанец ракометните чекори ги направи во школата на Енхалон од родниот град, а своето усовршување го продолжи во РК Струга, каде покажа исклучителна зрелост за своите години.
Со тимот на Струга оствари одлични реузлтати во младинските категории – во сезона 2023/24 стигнаа до бронзен медал во пионерска и кадетска конкуренција, додека во сезона 2024/25 станаа вицешампион во кадетска конкуренција.
Кленковски со А селекцијата на Македонија беше дел од меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, каде што нашите надежи го освоија второто место.