Стојановиќ: Ова СП нека биде лекција, но и потсетник дека можеме уште повеќе!

106

Репрезентацијата на Македонија не ги оствари зацртаните цели на Светското младинско првенство во Полска, откако настапот го заврши на 25. позиција.

Иако очекувањата од нашата спортска јавност, како и од самите репрезентативци, беа големи, сепак стручниот штаб ќе треба детално да анализира каде потфрлија нашите надежи и што треба да се промени во иднина.

Селекторот Раде Стојановиќ преку социјалните мрежи ги сподели своите размислувања за настапот и целокупниот петгодишен процес со оваа генерација.

„Се одјавивме со победа исто како што го започнавме ова петгодишно патување. Оваа генерација можеби не беше најуспешената, но беше најконстантната, најборбената. Селекција што низ сите овие години покажа јасен идентитет, стабилност и менталитет на тим кој верува во работа. Ни недостигаше малку на претходните првенства за уште поголем резултат, но токму тоа „малку“ се покажа како „многу“ на ова СП. Не нè надигра никој напротив, победувавме ракометни велесили со далеку повеќе услови и традиција од нас. Македонија беше горда, со право. 25. место е само еден број.

Вистинската слика ја покажуваат пет години труд, вложување, настапи на најголемите сцени и генерација што се изгради ракометари, другари,со еден збор бевме како едно. Во овој процес има многу вредни нешта, но и поуки.

Реалноста е дека системски заостануваме зад водечките, моментално. Се надевам дека ова искуство ќе биде цврста подлога за секој од нив/нас и дека ќе им даде сила, насока и уверување дека припаѓаат таму каде што се борат најдобрите. Ви благодарам од срце. За мене оваа генерација секогаш ќе биде запишана со големи букви во моето ракометно CV. Ова првенство нека биде лекција, но и потсетник дека со вистинска визија, поддршка и системска работа, можеме уште повеќе“, напиша Раде Стојановиќ.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT