Есад Дрпљанин останува во Пролет

205

Еден од суперлигашите кој се потпира на играчи од сопствениот погон и им дава шанса на младите, Пролет, заедно со левото крило Есад Дрпљанин, се договорија за продолжување на соработката.

Дрпљанин пристигна во редовите на Пролет во вториот дел од минатата сезона и ја искористи добиената минутажа на најдобар можен начин.

Во својата кариера, левото крило беше дел и од екипите на Голден Арт, Шампион и Бутел Скопје.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT