Еден од најголемите таленти во Македонија, средниот бек Ана Стојчевска, од следната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Пелистер.
Младата ракометарка, која доаѓа од Младост Ресен, во изминатите сезони имаше одлични настапи во младинските категории.
Од битолскиот клуб најавуваат уште неколку домашни засилувања, а не се исклучува можноста Пелистер да донесе и интернационалки.