„Сонувавме да бидеме Кометал, а игравме против нашите идоли – сестрите Аморим, Охоланга, Пецевска…“

220

По речиси една деценија, љубителите на женскиот ракомет во Гостивар повторно ќе имаат можност да гледаат сениорски натпревари. Екипата на Јехона пријави сениорска екипа и од следната сезона ќе биде дел од Првата женска лига.

За поранешната ракометарка на Универс, Ина Курти, враќањето на женскиот сениорски ракомет во Гостивар буди емоции и навраќања на едно посебно време.

Во разговор за Спортска Димензија, таа се присети на деновите кога го остварувала својот детски сон, да игра ракомет на највисоко ниво, и тоа против идолите од Кометал Ѓорче Петров.

„Најпрво морам да ти се заблагодарам што се сети на мене и ме врати едно добри дваесетина години наназад, ме врати на моите почетоци и на играњето во Супер лига, на едно преубаво време. Слободно можам да кажам дека тоа беше време на остварување на еден детски сон – не само мој, туку и на голем дел од тогашните девојчиња кои игравме заедно. Како деца сонувавме да бидеме Кометал, а стасавме до таму да играме против тој Кометал, против нашите идоли – сестрите Аморим, Охоланга, Пецевска… и другите ѕвезди.“

Целиот разговор со Ина Курти можете да го погледнете на линкот во продолжение…

 

ЖРК Јехона го оживува женскиот сениорски ракомет во Гостивар

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT