Јакимовски потпиша за Тренто – ќе игра и во Еврокупот

99

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски кариерата ќе ја продолжи во Италија, поточно во тимот на Тренто, клуб кој минатата сезона ја заврши на четвртата позиција во најсилното италијанско првенство.

Иако за Јакимовски постоеше интерес и беше поврзуван со трансфер во Олимпија Милано, младиот кошаркар сепак одлучи да ја прифати понудата на Тренто.

Новиот клуб на нашиот репрезентативец во изминатата сезона го освои Купот на Италија, а во претстојната сезона ќе настапува и на европска сцена, односно во Еврокупот.

Јакимовски во Тренто пристигнува од Универзитетот Колорадо Болдер, а Италија не му е непозната, бидејќи претходно има одиграно натпревари за Умана (до 18 години) и Торино (Втора лига).

Тој потекнува од школата на Крива Паланка, а во Македонија настапуваше и за Феникс.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT