Довчерашниот тренер на Тримо Требње, Македонецот Раде Стојановиќ, би можел да се врати во Македонија, пишува словенечкиот портал „Handballia“.
Според истиот извор, селекторот на младинската репрезентација би можел да го преземе актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.
Стојановиќ ја започна својата тренерска кариера во Металург 2, потоа беше дел од Охрид, Катар Спорт, а пред да замине во Словенија го водеше Тиквеш.
Како што е познато, тренерот на пелистерци, Раул Алонсо, е главен фаворит за клупата на еден од подобрите клубови во Бундеслигата – Лајпциг.
Алонсо има важечки договор со битолскиот клуб до крајот на следната сезона, па така бундеслигашот ќе треба да плати отштета за негово евентуално ангажирање.