Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет денеска ја објави новата соработка со поранешната кадетска репрезентативка на Македонија, Анастасија Сентовска.
Десното крило, кое во вториот дел од изминатата сезона се врати во тимот од Свети Николе од редовите на Астибо, се обврза на двегодишна соработка со клубот.
Воедно, Сентовска се запиша и на студии на универзитетот, со што стана и стипендистка. Таа, покрај својата природна позиција десно крило, може да одигра и како десен бек, што му овозможува на тренерот Илија Бетувски повеќе опции во нападот.
Овче Поле Славјански Универзитет засега се засили со голманката Дона Маркоска од Штип, а покрај Сентовска, во тимот се вратија и Елена Вучевска и Наталија Манева.