Прилеп со три претставнички на Европското првенство во Црна Гора

386

Во периодот од 9 до 20 јули, во Подгорица ќе се одржи Европското младинско првенство, на кое еден од 24-те учесници ќе биде и репрезентацијата на Македонија.

Меѓу 18-те ракометарки повикани за настап на младинскиот континентален собир се и средниот бек Исидора Котевска, десното крило Андреа Конеска и левото крило Ања Лашкоска – сите три од Прилеп.

Котевска минатата сезона имаше забележителни настапи во дресот на Металург Автокоманда, Конеска се истакна како една од најдобрите стрелци во тимот на Деспина, додека Лашкоска се афирмираше преку настапите со вториот тим на Ѓорче Петров.

Македонија ќе игра во група со селекциите на Унгарија, Полска и Чешка, а избраничките на Симе Симовски првиот натпревар ќе го одиграат утре против Унгарија.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT