Поранешниот член на Вардар, Андреј Добрковиќ, во следните две сезони ќе биде дел од словачкиот шампион Татран Прешов.
Младиот ракометар во Татран Прешов пристигнува од унгарскиот Дабас, а дел од кариерата ја мина и во Македонија.
Средниот бек во Вардар пристигна летото 2022 година, по одличните настапи на Европското кадетско првенство, но не успеа да се избори за место во „црвено-црните“, па по само една сезона мораше да бара нова средина.
Добрковиќ ги мина сите младински селекции на Црна Гора, а минатата година одлучи да го смени националниот дрес, односно да ја прифати поканата од Србија.