Анчева и понатаму со Астибо – искуството и знаењето во служба на клубот

314

Една од најискусните и најпосветените ракометарки во Женската лига, Марија Анчева, и во следната сезона ќе биде активна на ракометните терени.

Ракометарката со долг стаж и неспорна ракометна интелигенција останува значаен дел од тимот на Астибо, кој во изминатата сезона запиша историски успех со пласманот во плеј-оф фазата, успех зад кој стои токму лидерството и пожртвуваноста на Анчева.

Покрај улогата на играч, таа ќе продолжи и како тренер на пионерскиот состав на клубот од Штип. Под нејзино водство, младите надежи на Астибо во изминатата сезона стигнаа до завршниот Ф4 турнир, што е потврда за нејзиниот квалитет и како тренер.

Анчева во текот на својата кариера ги носеше дресовите на Кожувчанка, Овче Поле Славјански Универзитет, Гевгелија и ЖРК Пелистер, со кој настапуваше во тогашниот Челинџ Куп, а минатата година беше во поширокиот список за настап на Европското првенство.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT