Екипата на Пелистер полека го комплетира ростерот за новата натпреварувачка сезона, а најново засилување на битолскиот клуб е младата ракометарка Невена Бундоска, која настапува на позицијата среден бек.
Таа во Пелистер пристигнува од прилепска Деспина и неодамна се стекна со статус на кадетска репрезентативка на Македонија.
Покрај Бундоска, Пелистер претходно ја ангажира и Ана Стојчевска од Младост Ресен, а не се исклучува можноста клубот да се засили и со интернационалки.