Големата надеж на словенечкиот ракомет Аљуш Анжиќ, кој имаше одлична партија на Светското младинско првенство во Полска, од следната сезона ќе настапува за сениорксиот тим на Целје, па ќе има што да покаже на сениорско ниво.
Анжиќ досега настапуваше за младинскте категории на поранешниот словенечки шампион, а во сениорскиот тим на Целје ќе остане најмалку три сезони.
17-годишниот ракометар имаше понуда од европскиот гигант Барселона, но реши да остане во својата татковина. Тој е син на Алеш Анџиќ, кој ја извршува функцијата тренер на голманите во Целје.