„Спремен сум да се вратам во Македонија, но само во квалитетни клубови“

13

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Борјан Дамјаноски, на Светското првенство во Полска го имаше својот дебитански настап на едно големо натпреварување.

Левиот бек беше единствениот интернационален во составот на Раде Стојановиќ, а во интервју за Спортска Димензија зборуваше токму за неговото стекнато искуство во Полска, моментите што ќе ги памети цел живот, развојот на ракометот во Австрија, неговите идни планови…

Иако настапува за австриски Грац, тој не ја исклучува можноста за враќање во Македонија.

„Моментално сум во Грац и играм и за младинскиот и за сениорскиот тим, што ми помага многу во развојот како играч. Нови понуди има, но засега сè уште е рано да кажам каде ќе бидам следната сезона. Спремен сум да се вратам во Македонија, но само во квалитетни клубови кои имаат добри услови за работа и квалитетни тренери каде што би можел уште повеќе да се усовршувам како играч. За мене најважно е да изберам опција каде што ќе продолжам да се развивам и да добивам минутажа. Не сакам да брзам со одлуката, ќе размислам добро и наскоро ќе одлучам што е најдобро за мене и мојата кариера.“

Целиот разговор со Борјан Дамјаноски можете да го погледнете на линкот во продолжение…

 

Борјан Дамјаноски: Огромна чест е да се носи националниот дрес – чувството беше посебно и незаборавно

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT