Сара Стефаноска со ТОП трансфер – кариерата ја продолжува во Романија

496

Младата Сара Стефаноска ја продолжува својата кариера во една од најсилните лиги на светот – романската, каде ќе го носи дресот на Залау, пренесува порталот Спорт 1. Кичевчанката пристигнува во Залау од ЖОРК Јагодина, клуб во кој го имаше својот прв интернационален предизвик.

Стефаноска потекнува од школата на Кале Кичево, а потоа во 2020 година направи трансфер во Вардар и за време на престојот во вардаровиот табор секогаш се издвојуваше како една од најдобрите стрелци.

Во 2023 година, кога ЖРК Вардар го освои трофејот на Ф4 турнирот во младинска конкуренција, Стефаноска беше прогласена за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар лев бек.

На репрезентативно ниво ги мина сите младински категории, а со Македонија настапи на Европското првенство 2024 во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

И покрај одличните партии во српскиот шампионат, левиот бек не доби повик за бараж-двомечот за Светското првенство против Полска. Сепак, нејзините квалитетни игри беа препознаени, па така за новата сезона имаше понуди од клубови од Унгарија, Франција, Словачка…но левиот бек одлучи да продолжи во Романија.

Залау минатата сезона ја заврши на 9. позиција во најквалитетното натпреварување во Романија, обезбедувајќи опстанок. Во новата сезона, Стефаноска ќе игра против екипи како силниот ЧСМ Букурешт, Рапид на Сара Ристовска, поранешниот европски гигант Валчеа, амбициозната Дунареа Браила…

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT