Тимот на ЖРК Пелистер продолжува со комплетирање на ростерот за новата натпреварувачка сезона, а најново засилување во битолскиот тим е голманката Симона Спиркоска.
Младата ракометарка пристигнува од штипскиот Асибо, со кој во минатата сезона испиша историја со пласманот во плеј-оф фазата.
Спиркоска има настапувано во матичната Деспина од Прилеп, а трансферот во Пелистер го смета за правилен чекор во својата кариера.
„Мило ми е што потпишав за Пелистер, со цел да стекнам поголемо искуство во Женската лига. Се надевам дека ќе ги исполниме поставените цели во новата сезона. Ќе го дадам својот максимум и очекувам добар пласман“, изјави Спиркоска
ЖРК Пелистер претходно ги ангажираше и Невена Бундоска од Деспина, како и Ана Стојчевска од Младост Ресен.