Скандал во Валчеа: Ракометарки и тренери измамени со лажни договори?

399

Романскиот женски ракометен клуб Валчеа повторно е во центарот на вниманието поради сериозни обвинувања за лоши услови и хаос во раководството.

На социјалните мрежи се појави јавно предупредување до сите ракометарки и тренери добро да размислат пред да потпишат договор со овој клуб.

„Ако си ракометарка или тренер и размислуваш за Валчеа, прво прочитај го ова!“ – стои во објавата која ја пренесе романскиот медиум Handbal Feminin.

Во текстот се наведува дека клубот користи „непрофесионални методи на работа“ и дека веќе имало случаи на наводни измами, па играчи и тренери потпишувале договори кои подоцна никогаш не биле заверени или потпишани од страна на клубот.

Во предупредувањето се спомнуваат имињата на неколку ракометарки кои имале негативно искуство со Валчеа, меѓу нив е и данскиот тренер Расмус Поулсен, но и поранешните ракометарки на Металург, Кристина Лишчевиќ и Јелена Трифуновиќ.

Поулсен, кој пристигна во клубот како асистент, а потоа накратко беше и шеф на стручниот штаб, отворено зборува за хаосот во тимот и непочитувањето на договорите.

Според Расмус Поулсен, со кого Europamester.dk бил во контакт, сите споменати ракометарки имале искуство со тоа што биле измамени од страна на раководството на Валчеа, кое склучило договори кои биле потпишани од страна на играчите, но кои подоцна никогаш не биле потпишани од самиот клуб.

И покрај обвинувањата, Валчеа во своите редови донесе по три ракометарки од Данска и Норвешка. Валчеа своевремено беше еден од најдобрите клубови во Европа, моментално во стручниот штаб на тимот е екс голманката на Кометал Ѓорче Петров, Луминица Дину. Во минатото дресот на романскиот тим го носеше и Андреа Белеска.

На кормилото на Валчеа се врати актуелниот селектор на Романија, Флорентин Пера.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT