Астибо со првите засилувања за новата сезона

151

Астибо денеска се пофали со првите засилувања за новата натпреварувачка сезона, во која клубот ќе атакува на подобри резултати од минатата сезона.

Во Штип оваа сезона пристигнува искусната Кристина Младеновска Кузманоска, која доаѓа од редовите на ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет.

Покрај неа, составот на Астибо ќе биде засилен и со младата и талентирана голманка Хани Чобанова, која потекнува од школата на Металург.

Меѓу стативите ќе остане и талентираната Ана Насева, а познато е дека искусната Марија Анчева, исто така, ќе продолжи да го носи дресот на клубот.

Ракометарките на Астибо во минатата сезона испишаа историја, откако се пласираа во плеј-оф сегментот во Женската лига.

 

 

 

 

Анчева и понатаму со Астибо – искуството и знаењето во служба на клубот

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT