Переира: Со Динамо сакаме да изненадиме во ЛШ!

140

Романскиот шампион Динамо Букурешт во новата сезона ќе биде предводен од селекторот на Португалија, Пауло Переира, кој е голем оптимист за настапот во Лигата на шампионите.

Динамо Букурешт ќе има тежок предизвик во најквалитетното европско натпреварување, бидејќи во групната фаза ќе се соочи со Алборг, Фуксе Берлин, Веспрем, Келце, Нант, Спортинг Лисабон и Колстад.

„Ќе се подготвуваме за остварување на зададените цели, иако групата во Лигата на шампионите изгледа доста тешка. Не сме разговарале со играчите за конкретна цел во Лигата на шампионите, но сакаме да изненадиме,“ изјави Португалецот.

Переира во Динамо Букурешт пристигна од словенечкиот Целје, клуб кој го предводеше во изминатата сезона, а клупата на романскиот шампион ја презема од тренерската палка на Давид Дејвис.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT