ЖРК Гевгелија Југ ќе се натпреварува во две категории под капата на РФМ!

281

Новиот женски клуб на ракометната мапа во Македонија – Гевгелија Југ, одлучи во својата дебитантска сезона да не пријави екипа на сениорско ниво.

Клубот ќе се натпреварува во две категории под капата на РФМ – младинска и пионерска, па така љубителите на женскиот ракомет во најјужниот македонски град повторно ќе имаат можност да проследат талентирани ракометарки од цела Македонија.

Гевгелија Југ е наследник на ЖРК Гевгелија, која во дел од своето постоење имаше забележителни резултати, а во три сезони играше и на европска сцена.

Претседател на клубот е поранешната репрезентативка на Македонија, Елма Пршеш Попова, а главниот фокус токму ќе биде работата со најмладите, нивна едукација и развој како основа за идни успеси.

Младите ракометарки ќе можат да ги развиваат своите вештини, да стекнуваат натпреварувачко искуство и да го зголемат интересот за женскиот ракомет во градот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT