Младост го задржа Наумовски – столбот на одбраната останува уште две сезони

480

Амбициозниот прволигаш Младост Богданци, кој во новата сезона ќе биде главен кандидат за влез во Супер лигата, го продолжи договорот со уште еден од клучните играчи во своите редови.

Станува збор за левиот бек Стојан Наумовски, кој е поранешен младински репрезентативец, а во 2021 година беше избран за најдобар играч, односно МВП на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција.

„Неговата посветеност, борбеност и стабилност на теренот го направија незаменлив дел од тимот кој оваа сезона има амбиции за директен пласман во Супер лигата“, се вели во дел од соопштението на второлигашот.

Младост Богданци во новата сезона ќе биде предводен од искусниот стратег Горан Андоновски, а клубот ангажираше и квалитетни засилувања – Кристијан Костадиновски, Даниел Андоновски, Никола Домитров, Лазар Адамоиќ, Гоце Аргиров и Никита Соколов.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT