епрезентативецот на Грузија, Гиорги Цковребадзе, кој своевремено беше голема желба на Вардар, би можел да се пресели во амбициозниот тим Слован Љубљана, пренесува „Handballia“.
Десниот бек во изминатите две сезони настапуваше во Бундес лигата, поточно во тимот на Гумерзбах, а претходно беше дел од Монпелје и Винтертур.
Словенечкиот клуб има високи амбиции откако ги освои двата домашни трофеи во минатата сезона. Клубот, кој од клупата го предводи Урош Зорман, аплицираше за вајлд-карта за Лигата на шампионите, но ЕХФ не му ја одобри.